Ислам Махачев одби борба против Илија Топурија

Ислам Махачев ја одби борбата против Илија Топурија. Ова го истакнуваат луѓе од штабот на Махачев за руската новинска агениција ТАСС. Ѕвездата од Дагестан нема да ја брани титулата во лесна категорија против Грузиецот бидејќи смета дека Илија не ја заслужил оваа шанса. Ислам сака да го види Топурија како бележи победа во лесна категорија, па дури тогаш ќе му даде шанса за титулата.

„Ислам не се согласи на оваа борба. Останува на ставот дека Илија Топурија треба да заслужи шанса за титулата во лесна категорија“, изјавија од штабот на Махачев за ТАСС.

Моментално во лесна категорија, Џастин Гејџи, Чарлс Оливеира и Арман Царукјан притискаат за борба со Махачев. Царукјан нема да добие шанса бидејќи во јануари се повлече од борбата со Махачев. Дана Вајт тогаш рече дека Арман ќе мора да се бори уште еднаш за да го заработи своето место како предизвикувач.

Така, остануваат Гејџи и Оливеира, но неодамна Хавиер Мендез рече дека претпочита Џастин да биде следен за Ислам. Останува да се види кој ќе биде следен за Махачев, но се чини дека Топурија нема да добие шанса за ваква борба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО