Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Ислам Махачев, ја отфрли можноста да оди во полесна или потешка категорија. Ова за ТАСС го соопшти тимот на Махачeв.
„Поместување во полесна категорија не доаѓа предвид“, рече изворот на агенцијата „Во следната борба, Ислам ќе ја брани шампионската титула“.
Махачев има 32 години. Во кариерата има 26 победи и еден пораз. Русинот веќе има три одбрани на титулата.