Ислам Махачев ја поддржува идејата за борба против Макс Холовеј

Дагестанскиот борец Ислам Махачев трипати успешно ја одбрани титулата шампион на УФЦ во лесна категорија, а последен пат тоа го направи на почетокот на јуни кога со завршница во петтата рунда го победи Дастин Пориер.

Веќе извесно време доминира во категоријата со 14 победи во низа, но нема предизвикувач да го симне од тронот. Засега се издвојува само еден потенцијален кандидат, а тоа е Арман Царукјан.

Во ММА круговите се зборуваше дека шансата може да ја добие Макс Холовеј, но откако го нокаутира Џастин Гејџи, тој доби меч за титулата во перо категорија против Илија Топурија.

Махачев неодамна потврди дека не би имал ништо против за дуел со „Благословениот“ доколку е подобар од Топурија, а патем го пофали …

„Неговиот последен настап против Гејџи беше одличен, го заврши со нокаут. Ако го победи Топурија, иако ќе биде тешка борба за него, а УФЦ сака да договори меч против мене, нема проблем. Можеме да се бориме. Холовеј е полн со искуство во лесна категорија, откако победи неколку тешки противници. Ајде да го направиме тоа“, рече Ислам Махачев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON