Ислам Махачев ја опиша средбата со Александар Волкановски пред УФЦ 280: Па, тој е низок човек

Викендов во Абу Даби ќе има пресметка меѓу Чарлс Оливеира и Ислам Махачев за шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија.

Нивната борба го предводи спектаклот со боречки вештини, каде ќе има поинтересни средби.

Во коглавната борба, Алџамејн Стерлинг го брани појасот во бантам категорија против Т.Џ. Дилашо, додека поранешниот шампион Петар Јан се бори со Шон О’Мели.

Неодамна шефот на УФЦ, Дана Вајт, потврди дека шампионот во перолесна категорија Александар Волкановски ќе биде замена за Оливеира и Махачев доколку некој од нив има проблеми со тежината или повреда.

Првиот човек на најголемата светска ММА организација изјави и дека Волкановски најверојатно ќе биде следниот предизвикувач за титулата во лесна категорија.

Махачев не беше импресиониран од Австралиецот и го опиша како „низок борец“.

„Го запознав Волкановски, а тој е ниско момче“, рече дагестанскиот борец, а потоа додаде:

„Го прашувам зошто мора да ослабне токму сега? Но, ако треба да се борам против Волкановски и го победам, луѓето ќе кажат дека сум победил помал тип од мене. Така луѓето секогаш велат“.

Но, ученикот на Хабиб веднаш се сврте кон својот следен противник.

„Во моментов размислувам само за Чарлс и борбата против него, се надевам дека ќе ја погоди тежината. Но не е важно. Тренирав толку напорно во кампот што не е важно со кого се борам. Не е важно кој ќе влезе во кафез и ќе се бори со мене во кафезот“.

На поранешниот шампион Чарлс Оливеира му беше одземен појасот од промоцијата пред неговата последна борба против Џастин Гејџи, кога на официјалното мерење беше 200 грама повеќе од дозволената граница.

Во таа борба Бразилецот со завршница го совлада Гејџи и со таа победа само доби шанса повторно да се бори за шампионската титула.

Доколку се повтори слична ситуација, Волкановски треба да се вмеша и да биде подготвен да се бори за шампионската титула во лесна категорија.

Махачев верува дека Бразилецот овојпат ќе внимава на својата тежина и додава дека сепак го гледа како противник што треба да го победи за да го освои појасот на УФЦ.

„Тој е шампион, но на останатите борци треба да им покаже добар пример“, рече Ислам Махачев и додаде:

„Мора да биде професионален. Се надевам дека овој пат ќе биде коректен на вагата. Оливеира е најдобриот борец во лесна категорија во моментов, но мислам дека не е подобар од мене. Во моментов, знам дека тоа е мојот момент. Верувам дека и сега сум најдобриот борец во лесна категорија во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON