Ислам Махачев очигледно не е импресиониран од победата на Чарлс Оливеира.
Минатиов викенд во Канада Оливеира го нокаутира Бенеил Дарируш во првата рунда од нивната борба. Чарлс настапи многу силно и ја прекина серијата на Дариуш. Со оваа победа бразилскиот борец заслужи реванш со Дагестанецот. Нивната борба најверојатно ќе се одржи на крајот на годината во Абу Даби.
Веднаш по победата на Оливеира Махачев напиша коментар на социјалните мрежи:
„Честитки Чарлс. Но, сепак, оваа борба има нивоа“, напиша Махачев.
Оливеира реагираше на коментарот на Ислам Махачев и напиша дека наскоро повторно ќе се видат.
„Ви благодарам. Нивоата се дел од борбата. Се гледаме наскоро“, напиша Оливеира.
Лани во Абу Даби, Махачев го заврши Оливеира во втората рунда. Само Махачев го победи Оливеира во последните 13 борби на УФЦ.