Ислам Махачев го донираше својот шампионски појас и историските први златни ракавици на УФЦ (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на УФЦ во лесна категорија и број еден на ранг-листата „паунд фор паунд“, Ислам Махачев, направи убав гест во родниот Дагестан.

Минатиот месец (18 јануари) на УФЦ 311 Махачев постави нов рекорд на УФЦ за со најголем број успешни одбрани на титулата во лесна категорија. Тоа го постигна откако изнуди предавање на Ренато Моикан, кој во последен момент влезе како замена за повредениот Арман Царукјан. Моикано беше исфрлен во првата рунда поради гушење, техника наречена Д’Арс задушување, за која шампионот од Дагестан рече дека е негова „специјалка“ или една од неговите омилени техники.

Махачев го донираше шампионскиот појас на УФЦ на спортски музеј во Дагестан. Тоа е појасот што го освои на УФЦ 302 кога ја одбрани титулата против Дастин Пориер. Тогаш шампионот славеше со принудување на предавање во последната петта рунда од борбата, користејќи ја „специјалката“, гушењето Д’Арс.

Покрај појасот, тој ги донираше и златните ракавици кои ги носеше во борбата против Пориер. Ова е прв пат во историјата на УФЦ да се користат вакви ракавици во април минатата година, промоцијата најави нов дизајн на ракавици кој треба да ја намали можноста за случајно прободување на очите и да обезбеди подобро држење на раката. Дополнително, воведени се специјални бои за ракавици, со златна за борбите за титулата, сина за борбите од серијата Контендер на Дана Вајт и црвена за турнирите Роуд ту УФЦ.

Махачев, се разбира, го стави потпис на гореспоменатите ракавици пред да го најдат својот нов дом во изложбата на музејот во Дагестан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ian Innocent (@real.ian.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON