Ислам Махачев е најдобриот борец во УФЦ

Легендата и поранешен шампион на УФЦ во мува категорија, Американецот Деметриус Џонсон, го смета актуелниот шампион во лесна категорија Ислам Махачев (27-1) за најдобар борец, без разлика на тежинската категорија.

„Во моментов Ислам Махачев е најдобриот борец во светот, без разлика на тежината“, уверен е Џонсон. „Може да удира, може да се бори, има џудо, има џиу џицу. Тој е најдобриот борец. А Џон Џонс е веднаш зад него затоа што може да направи се“.

Џонсон не се сомнева дека Ислам е способен да ја освои полусредна категорија (до 77,1 кг). „Кога тренирав со Махачев, видов колку е голем во тоа време, па мислам дека ќе се снајде добро во полусредна категорија“, му предложи Деметриус на ММА џанки.

„Навистина мислам така. Единственото нешто што ќе треба да го надомести е големината и тежината. За некој кој е добро граден и има толку многу победи на различни полиња, нокаутирањето не е проблем“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON