Ислам Дулатов со нокаут го доби договорот со УФЦ, а потоа навивачите му приредија величенствен пречек (ВИДЕО)

Талентираниот 26-годишен германски ММА борец роден во Чеченија, Ислам Дулатов (11-1), со одличен настап во последната епизода од ДВЦС/ DWCS стигна до договорот со УФЦ.

Во мечот кој се одржа пред неколку дена Дулатов со брутален нокаут во средината на првата рунда го совлада Бразилецот Ванилто Антунес и доби договор од Дана Вајт со најголемата светска ММА организација.

Рипер е поранешен член на УФД џим, каде што тренираше со хрватскиот ММА борец Роберто Солдиќ. А сега е во салата Трипл оне, која ја води со брат му.

На враќањето во Дизелдорф, каде што живее и тренира, навивачите му приредија величенствен пречек. На аеродромот се собраа неколку стотици навивачи, кои го поздравија со громогласно навивање и овации.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC Europe (@ufceurope)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON