Британскиот боксер Амир Хан (32-4, 20 KO), се врати во рингот по пауза од две години и на фуриозен начин успеа да го нокаутира својот противник, Фил ло Греко (28-4, 15 KO) за 39 секунди.
https://twitter.com/WelshRamsey/status/987803482043412480?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D720753
Поранешниот светски шампион во лесна-велтер категорија не беше активен на професионалната боксерска сцена по поразот од Сол Алварез во 2016 година, но начинот на кој се врати во арената во Ливерпул, успеа да ги импресионира своите фанови.
Првиот посериозен напад, Хан го направи по десетина секунди, а Ло Греко не го издржа вториот, уште посилен напад на Британецот кој на крајот го реши победникот за 39 секунди.
https://youtu.be/FEwBAkAZorQ
.