Исак Чилемба (29 г.) смета дека неговиот иден противник, Сергеј Ковалев, го потценува.
„Очигледно дека гледа на мене како отскочна штица за меч со Андре Ворд. Но, тоа е многу срамно. Срамно е така да ме потцени, како да сум некој спаринг партнер. Имам голема мотивација за победа. Ќе го научам на добри манири и ќе станам првиот африкански боксер кој освоил три титули во една вечер“.
Овие боксери ќе се сретнат на 11 јули во Русија.