Ирци и Руси се степаа пред мечот Нурмагомедов-Хјуз

Непријателсвото меѓу Ирска и Русија во мешаните боречки вештини го надмина октагонот изминатиов викенд и се прелеа во публиката пред големиот меч меѓу Усман Нурмагомедов (19-0) и Пол Хјуз (13-2) на првата голема гала на ПФЛ во Дубаи.

Навивачите на двете страни организираа масовна тепачка за време на официјалното мерење, ослободувајќи ја тензијата што се создаваше низ годините меѓу двата типа навивачи, објави Токспорт.

Ирците и Русите не се сакаат особено од 2018 година, кога Конор Мек Грегор (22-6) и Хабиб Нурмагомедов (29-0) се степаа на УФЦ 229. „Озлогласениот“ потоа фрли стол кон автобусот со борци, меѓу кои и „Орелот“, а по нивниот меч Хабиб скокна во публиката и предизвика судири со таборот на противникот.

Во меѓувреме, Усман со одлука го победи Хјуз, иако неговиот тим рече дека ќе поднесе жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО