Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) повторно истакна дека боксот може да биде исфрлен од програмата на Олимписките игри во Токио 2020 година, поради проблемите во Меѓународната организација на амтерскиот бокс (АИБА), која управува со спортот.
Меѓународната организација на аматерскиот бокс (АИБА) има многу финансиски проблеми, а се соошува и со тврдења за наместени натпревари на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година. Згора на се привремениот претседател на оваа организација е поврзан со организиран криминал.
Претседателот на ИОК, Германецот Томас Бах, изјави дека проблемите на АИБА се финансиите и нарушениот интегритет што најголема причина боксот да биде исфрлен од програмата на Олимписките игри во 2020 година.
Во февруари годинава, Мок ја предупреди АИБА за олимпискиот статус и побара дополнителни информации пред состанокот во јули.
Бах истакна и дека е загрижен за реномето на привремениот претседател на АИБА, откако властите во САД соопштија дека Узбекистанецот Гафур Рахимов е вмешан во трговија со хероин.