Инуе: Време е за мала пауза… Се враќам во декември

Наоја Инуе (28-0) забележа уште една победа со нокаут оваа недела откако го запре Ти Џеј Доени (26-5) во Кото-Ку, а на социјалните мрежи објави дека планира да паузира по мечот. Сепак, за него „одмор“ очигледно значи неколку дена или недели, бидејќи призна дека ќе го видиме повторно во рингот веќе во декември.

„Успеавме да ги одбраниме нашите четири титули синоќа! Ви благодариме за поддршката! Со нетрпение го очекувам следниот предизвик! Ќе направам мала пауза, а потоа ќе почнам да се подготвувам за декември“, напиша „Чудовиштето“ на својот Х профил.

https://twitter.com/naoyainoue_410/status/1831103468032958897

Подготовката за борците во бокс обично трае помеѓу 2-3 месеци, што значи дека Јапонецот најмногу ќе одмора во месец септември, а потоа ќе тргне во потрага по нов успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON