Инуе официјално ја заложува неприкосновената титула против Австралиец

Наоја Инуе (28-0) официјално ќе се врати на 24 декември за да ја заложи неприкосновена титула во супер бантам категорија против Австралиецот Сем Гудман (19-0).

„Чудовиштето“ последен пат го одбрани појасот против Ти Џеј Дохени (26-5) во септември и тогаш се шпекулираше дека нема да се бори повторно во 2024 година.

Тоа ќе биде и трет меч на Гудман во календарската година. Тој во март го нокаутира Марк Шлајбс (13-3), а во јули со убедлива одлука славеше против Тахтана Луангфор (25-1-1).

Галата ќе се одржи во Токио, а со неа ќе го затвориме боксерскиот календар за 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО