Дружба на карате ветераните со легендата Марко Ницовиќ – победници во кати Зоран Пејов и Елена Димоска и ката тимот на Бугарија

На средбата на карате ветераните во Крива Паланка во саботата се одбележаа 50 години практикување карате спортот и 40 години постоење на карате клубот „Крива Паланка 84“ со присуство и одржување ревијален тренинг со легендите на југословенското карате Марко и Ѓорге Ницовиќ.

На регионалната средба имаше каратисти ветерани од Србија, Бугарија и Македонија.

Претходно се одржа свечена академија и беа доделени признанија на заслужни каратисти и карате работници.

Натпреварот во кати заврши со триумф на Зоран Пејов и Елена Димитровска Димоска во поединечна конкуренција, додека ката тимот од Бугарија е победник во екипна конкуренција.

Сето ова беше во организација на Унијата на карате ветерани на Македонија и претседателот Чедомир Саздовски.

Резултати – кати:

Мажи
1.Зоран Пејов – Македонија
2.Сретен Јефтиќ – Србија
3.Миодраг Николиќ – Србија

Жени
1.Елена Димитровска Димоска – Македонија
2.Маргарита Попова – Бугарија
3.Силвана Трпковска – Македонија

Екипно
1.Македонија
2.Бугарија

Имаше демонстрација на каратисти од карате клубот од  Пробиштип и настап на културно-уметничко друштво од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО