Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет (МОК) закажа вонредно Собрание за 23 ноември во конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 11 часот.
Во објаснувањето се вели дека откако е поднесено барање (27 септември) до претседателот на МОК, Васил Тупурковски, да свика Вонредно собрание, тоа не прифатено, а врз основа на Олимписката Повелба, како носечки документ на МОК и глава 4 член 28 од неа, со цел усогласување на Статутот на МОК – член 10 со одредбите од Повелбата Иницијативниот одбор го свикува вонредното Собрание.
На дневен ред е една точка:
-Усогласување на Статутот на МОК (во однос на член 10) со Олимписката повелба, како носечки документ на МОК и глава 4 член 28;