Информација од Кикбокс Маитаи федерација на Македонија и Боди-билдинг и фитнес федерација на Македонија

Сведоци сме дека во последните две недели, откако на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата на РМ донесе мерки со цел спречување на ширењето на заразната болест, но и дека основното начело во спортот, фер плеј беше привилегија само на екипните спортови, додека индивидуалните спортови беа целосно затворени. Со чија одлука и каква препорака, до ден денес не успеавме да дознаеме. Со цел да не се прекине натпреварувачкиот спорт во овие спортски дисциплини, на иницијатива на ББФФМ и КМФМ, преставниците на спортот преку МОК и советничката за спорт на Премирот, остварија средба со КЗБ и го изложија проблемот со кој се соочуваат огромен дел од спортистите во Македонија.

По ова, беше формирана работна група која ќе изработи предлог до КЗБ со кој ќе се утврди начинот на продолжување на спортските тренинзи и натпревари. Овде можеме да ја искажеме целата благодарност до надлежните институции кои застанаа на страна на индивидуалните спортови, но и благодарност до екипните спортови за нивната солидарна поддршка и желба за решавање на проблемот. Креатор и домаќин на оваа група е АМС на РМ, а во состав на работната група беа: Силвија Митевска – советник за спорт на премиерот на Владата, Наумче Мојсовски – директор на АМС, Наташа Смилевска -АМС, Ирена Митровска – претставник од КМФМ, Бобан Ѓороски – претставник од ББФФМ, Ѓорѓи Тасев – Влада на РМ, претставници од РФМ-ракомет, БФМ-бокс, КФМ- кошарка, КФ-карате и од МОК. Состанокот на групата се одржа он-лајн во петок -16.04.21.

По дебатата, барањата и образложението од страна на претставниците на соодветните федерации, беа усвоени предлози и ставови за измена на протоколите за тренинг во услови на пандемија и олеснување на рестриктивните мерки за тренинг и натпревар само во индивидуалните спортови. По изработка на заеднички документ со конкретни предлози и барања, истиот во понеделник ќе се достави до Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство на РМ. Ако сите се сложуваме со фактот дека спортистите се најдисциплинирани и тие се амбасадори на државата, очекуваме од надлежните дека во понеделник ќе излезат со позитивен одговор прифаќајки ги предолзите и подготвувајќи еден протокол по кој натпреварувачкиот спорт, спортистите, спортските работници и нивните клубови ќе продолжат со своите секојдневни активности во овие пандемиски услови.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON