На 72 годишна возраст во Битола ненадејно почина Живко Божиновски, боксер, боксерски тренер, боксерски работник од Битола, борец за правата на бранителите.
Живко Божиновски има трисетина боксерски борби во дресот на БК Пелистер, а скоро на сите забележа убедливи победи.
Божиновски работеше и како тренер во Пелистер и Бранител.
Беше дел од македонската боксерска репрезентација.
Живко Божиновски, ќе биде запаметен и како татко на загинатиот бранител од Битола, Марјан Божиновски, и како борец за правата на бранителите и член на здруженијата кои водеа борба за нивните права од конфликтот во 2001 година.
Божиновски е погребан во новите Светонеделски гробишта во Битола.