ИН МЕМОРИАМ: Замина мирно и тивко, како и што живееше Игор Лазарев

Почина поранешниот репрезентативец на Македонија во карате, тренер во КК Цветан Димов од Скопје и судија со А лиценца на ВКФ, Игор Лазарев (1977-2024 г.).

„Денес 9 октомври 2024 година во 03:00 часот Господ ми го зеде најмилото и највредното што го имав, мојот син Игор. Замина мирно и тивко, како и што живееше. Со блага насмевка со која сакаше да пренесе љубов кон сите вас“, напиша на Фејсбук неговиот татко Јован Лазарев.

Од фамилијата соопштија дека погребот на Игор ќе се одржи утре, четврток, 10 октомври 2024 година на гробиштата Бутел. Од 12 до 13 часот ќе биде изложен во капелата, а во 13 часот тргнување кон гробното место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON