Почина еден од најдобрите борачи на Балканец, член на првите шампионски генерации , Љупчо Џамѓозов- Цуна.
Штипјани ќе го паметат по добрината, љубовта кон спортот , но и градот. Љупчо Џамгозов важеше за примерен спортист со широк круг пријатели и другари.
На игрите на Олимписките надежи во Лајпциг 1968 година го освои петтото место. Истата година и на Балканијадата во Костанца е четврти. Настапи и на двомечот Македонија- Мексико 1968 година , кога донесе победа на македонската репрезентација со 6-4. Тој е неколкукратен државен првак, учесетвува и на Европското првенство за млади и на многу други меѓународни средби..
Посмртните останки на Љупчо Џамгозов ќе бидат изложени утре од 13 до 14 часот во штипската капела, кога ќе биде и погребот.