Импресивен физички изглед: Џошуа тренира за пресметката со Фјури и пука од сила (ФОТО)

Ентони Џошуа, сопственик на титулите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, годинава треба да се бори против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, за обединување на титулата. Иако сè уште нема официјална потврда дека натпреварот за апсолутен светски шампион е договорен, двајцата боксери се подготвуваат за нови предизвици.

И додека Кралот на ромите сè уште ги крие деталите за неговиот тренинг, Џошуа го покажа својот фантастичен физички изглед во последната објава на Инстаграм.

Британецот тренира нон-стоп, а тоа го потврдува и фотографијата на која Ентони изгледа како да пука од сила. Очигледно сака да биде што е можно поподготвен за борбата за титулата, а Кралот на Ромите треба да биде најголемиот предизвик во неговата кариера.

Неодамна, промоторот на Фјури изјави дека мечот е договорен, но сè уште нема официјална потврда. Но, се чини дека сме сè поблиску до тоа, бидејќи борбата е најавена за јуни или јули.

Но, без оглед на тоа кога ќе се случи, Ентони Џошуа ќе се соочи со судирот целосно подготвен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON