Но, само во Ирска. Имено, најголемата ѕвезда на УФЦ, „Злогласниот“ Конор Мек Грегор одлучи со жиг да ги заштити свите три препознатливи имиња.
Мек Грегор преку својата компанија Мек Грегор спортс и ентертемјн лимитид на ирскиот Завод за интелектуална сопственост ИПО (Irish Patent Office /Ирската патент канцеларија) поднесе барање за регистрација на следните жигови – „Д’Ноториус“, „Конор Мек Грегор“ и името на својот нов портал „Д’Мек лајф“. Барањето е поднесено на 7 јули, само неколку дена пред официјално да биде објавено дека е продаден УФЦ.
Според стручното мислење на Брајан Конори, адвокат специјализиран за интелектуалната сопственост, Мек Грегор ги регистрирал жиговите затоа што долгорочните промени сопствениците би можеле да влијае на статусот на сите негови слики кои се во сопственост на УФЦ.
Иако пријавата ја поднел само за Ирска, адвокатот верува дека тоа ќе биде основа за меѓународна регистрација. Проблем за Мек Грегор е постоењето на други компании кои ги користат или имаат поднесено барање за истите жигови, како фирмата Графтон бербер’с кој неодамна исто така поднела барање за регистрација на жигот „Д’Ноториус“.
Ако се оди според планот и без никакви проблеми името „Конор Мек Грегор“ во Ирска ќе биде заштитено за три месеци.