Претседателот на БК Лирија обезбеди комби за клубот од марката „фолксваген“ за да може борачите нашиот клуб да патуваат полесно на домашните и меѓународните натрпревари.
Ова е добар почеток за претседателот Имер Кадриовски кој неодамна беше избран на оваа функција. Инаку Кадриовски е поранешен борач, а сега бизнисмен кој тргува со овошје во Германија.
Со овој подарок на борачите на Лирија им се поедноставуваат патувањата.
Ipon.mk