Илија Топурија не е загрижен за Макс Холовеј и е уверен дека ќе го нокаутира.
Тие се предводници на УФЦ 308 што ќе се одржи на 26 октомври во Абу Даби. Топурија е непоразен во ММА и ова ќе биде прва одбрана на титулата во перо категорија. Макс е познат по силната брада и никогаш во кариерата не загубил со нокаут.
Илија планира да го промени тоа и верува дека на Макс му треба шлем ако сакаат да разаменат удари. Макс е познат по тоа што покажува кон центарот на кафезот во последните секунди од борбите, поканувајќи ги своите противници на удари.
Токму така, Макс го намами Џастин Гејџи и успеа да го нокаутира во последната борба. Илија не е импресиониран и планира да покаже кон центарот на кафезот за да го нокаутира Хаваецот:
„Ако го прави она што обично го прави во последните 10 секунди од борбата, тогаш ќе го нокаутирам. Препорачувам да носи шлем ако стои во центарот на кафезот за да разамени удари со мене. Можеби јас ќе бидам тој што ќе покаже кон центарот на кафезот каде што можеме да размениме удари“, рече Топурија.
View this post on Instagram