Илја Топурија: Ќе се борам со Макс Холовеј во Абу Даби

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Илија Топурија, изјави дека неговата борба против Макс Холовеј ќе се одржи во Абу Даби.

Ова го изјави „Ел Матадор“ за шпанските медиуми, а подоцна на социјалните мрежи потврди и Ариел Хелвани. Оваа промена во плановите се случува откако стана позната повредата на Ислам Махачев. Ѕвездата од Дагестан има скинати лигаменти на раката и ќе треба да се оперира. Тој сака да се бори во Абу Даби, но очигледно неговото лекување ќе се одолговлекува.

Ова е причината поради која УФЦ го известил Топурија дека тој и Макс ќе се борат на УФЦ 308 кој ќе се одржи на 26 октомври. Борбата меѓу Илија и Макс беше најавена за почетокот на октомври во Солт Лејк Сити, Јута. За жал, се форсира доцнење, што не им се допаѓа на навивачите. Топурија – Холовеј е една од најочекуваните борби за 2024 година.

Се разбира, сè уште нема ништо официјално на оваа тема, но тоа најверојатно ќе се промени во наредните недели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fight Tale (@fighttale)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON