Илија Топурија го нокаутира Макс Холовеј во 3. рунда

Илија Топурија го нокаутира Макс Холовеј во 3. рунда.

Двајцата беа предводници на настанот УФЦ 308 во Абу Даби. Борбата беше за титулата во перо категорија, која „Матадорот“ за прв пат ја заложи. Макс се претстави добро, но моќта на Топурија беше преголема за Хаваецот.

Во првата рунда Макс влезе во ритам и можеше да го држи Топурија на дистанца. Тој маваше удари и со нозе и со раце. Илија двапати го собори на подот, но безуспешно. Топурија задаваше ниски ниски ножни удари и силно замавнуваше, но не можеше да ја најде целта.

На крајот од рундата Илија зададе комбинација, по што Макс изгуби рамнотежа и падна на подот. Илија го фати грбот и времето истече.

Во втората рунда видовме  борба со стој. Макс задаваше повеќе удари, а Илија го бркаше и бараше нокаут. Топурија се истакна со силни удари, а Макс со поголема активност. Во третата рунда Илја силно притисна и со комбинации го повреди Макс.

Холовеј беше притиснат и одеше наназад, а Топурија со левицата го погоди во брадата и го испрати на подот во тежок нокдаун. Следеа уште удари од „Матадорот“, принудувајќи го судијата да ја прекине борбата во втората минута од 3. рунда.

Ова е 16-та последователна победа за Топурија и прва одбрана на титулата. Тој изјави дека сака да има реванш со Александар Волкановски во следната борба. Холовеј, пак, се раздепи со 3 последователни победи.

Резултати УФЦ 308:

Главна карта:
Илија Топурија – Макс Холовеј со КО 3, 1:34
Хамзат Чимаев – Роберт Витакер со завршница Р1, 3:34
Магомед Анкалаев – Александар Ракиќ со одлука (29-28 29-28 29-28)
Лероне Марфи – Ден Иге со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Шара Магомедов – Армен Петросјан со КО Р2, 4:52
Прелиминарни:

Ибо Аслан – Рафаел Серкеира со ТКО Р1, 0:51
Џеф Нил – Рафаел дос Аночс со ТКО Р1, 1:30
Матеуш Ребецки – Миктибек Оролаби со одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Абус Магомедов – Бруно Фереира со завршница Р3, 3:14
Кенеди Нзечукву – Крис Барнет со ТКО Р1, 4:27
Фарид Башарат – Виктор Иго со одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Исмаил Наурдиев – Бруно Силва со одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Ринат Фахретдинов – Карлос Леал со одлука (29–28, 29–28, 30–27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО