Илир Латифи требаше да се бори против Волкна Оездемир овој викенд во подглавната борба на настанот во Стокхолм, но денеска е констатирано дека се здобил со повреда во пределот на грбот и нема да се натпреварува.
Од УФЦ објавија дека нема да бараат замена и оти нивниот меч ќе биде изваден од настанот. Латифи во мечот влегува по поразот со одлука на судиите од Кори Андерсон во декември минатата година, a пред неа беше во серија од две последователни победи. Латифи има 7 победи и 4 порази во УФЦ и се уште не успеал да се бори за титулата.
Волкан е во серија од три последователни порази и се надеваше дека ќе ја прекине со победа над својот поранешен соборец.
Инаку, тие го поминаа соочувањето.