Илиоски загуби од Петров на Сенши со технички прекин (ФОТО)

Бобан Илиоски во интересен меч со размена на удари е поразен од Александар Петров по технички прекин од лекарот на реномираниот настан Сенши во Варна, Бугарија.

„Во првата рунда беше добар. Во втората имаше обострана размена на удари од двајцата, а во третата рунда поради невнимние доби удар со летечко колено при што му нанесе повреда, исекотина под левата јаболчница на окото. Судијата не дозволи борбата да продолжи“, вели селекторот Дејан Митровски.

Мечот се одржа според правилата на КВУ Фул контакт во категоријата до 85 килограми, а судија на мечот беше легендата на холандскиот кик бокс Питер Артс.

Инаку, наградите им ги делеше легенарниот Семи Шулц, амечот го судеше Питер Аертс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON