Илиоски, Варадинова, Кубин и Најдов во финалето на „ВАКО Гран при БиХ“ (ФОТО)

Бобан Илиоски (-81 кг, К-1, сениори), Викоторија Варадинова (-65 кг, лоу кик,јуниори) од Кик бокс клубот Шампион од Скопје и Милан Кубин (-91 кг- лоу кик, сениор) и Дарко Најдов (-63,5 кг, постар јуниор, лоу кик) се во финалето на „ВАКО Гран при БиХ“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

На Кубин и Најдов противниците се предадоа во трета рунда, нокаут и технички нокаут. Противничката на Викторија не се појави на татамито. Во кик лјат Варадинова е поразена.

Во Сараево се и Дејан Митровски-Урко, претседателот на КБФМ и тренер на КБК Шампион, потоа Драган Атанасовски – генералниот секретар во КБФМ и тренер на КБК Гладијатор-Скопје и Андреј Георгиев како судија .

А има натпреварувачи и од Фајт-Скопје, Гладијатор – Штип, Комбат Радовиш и Енерџи – Битола.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON