Илиоски, Рамадани и Божиноска отпатуваа на ЕП за највисок дострел!

Boban Ilioski na Tesanj

Македонските репрезентативци во кик бокс денес отпауваа за Шпанија, во Сан Себастијан, каде што од 23 до 30 август ќе се одржи Европското јуниорско и кадетско првенство.

Македонија ќе ја претставуваат: Марија Божиноска (+70 кг- кик лајт), Бобан Илиоски (-71кг- лоу кик) и Хадис Рамадани (-67кг – лоу кик). Тоа се млади, а, сепак, искусни кикбоксери,  кои на минатогодишното Светското првенство освоија два бронзени медали – Бобан Илиоски и Хадис Рамадани, додека Марија Божиноска беше пета.

hadis ramdani na BP vo nis

„Оваа година од нив, со оглед на тоа што се искусни во своите дисциплини и се одлично подготвени, се очекува да го подобрат својот резултат“, истакнуваат од Кик боксинг федерацијата на Македонија.

Натпреварувачите ќе ги водат селекторот и тренерот на репрезентацијата, Дејан Митровски и Драган Атанасовски.

За Шпанија ќе патуваат и претседателот на КБФМ, Александра Неделковска, која ќе учествува на состаноците на Бордот на директори и на Женскиот комитет на ВАКО.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON