На Светските бокс квалификации во Бангкок, Тајланд, нашиот единствен претставник Бобан Илиоски (92 кг) во првата борба ќе се сретне со Ерменецот Нарек Манасјан на 30 мај.
Во оваа категорија има 42 боксери.
Ако го помине Манасјан, наредниот ден ќе се бори со Виктор Шелестраете од Белгија, а на 2 јуни за норма. На Илиоски му требаат три победи за да обезбеди олимписка норма.