Бобан Илиоски и Дејан Ристески на 5 септември ќе се борат на профи турниротво кик бокс „Србија против Светот“ во Сурдулица.
Илиоски ќе ги одмери силите со Александар Менковиќ од Србија, а Ристески со Никола Тодоровиќ, истотака од Србија. Нивните борби се главниот дел на настанот што ќе се одржи на градскиот плоштад во Сурдулица.
И двајцата подолго немале профи борби. Ристески лани настапуваше на боксмечеви во Регионалната бокс лига, а Илиоски настапи на мај тај Светското првенство во Мексико пред три и пол месеци и го освои сребрениот медал во Б-класа, губејќи со минимален резлутат во финалето од Кинезот Чан Луо 28-29.
Ipon.mk