Илија Топурија се приклучува на групата критичари на Белал Мохамед. „Римембр д’ нејм“ не остана рамнодушен на коментарите на Топурија, кој е и шампион на УФЦ.
„Матадорот“ е актуелниот шампион на УФЦ во перо категорија, кој во последно време медиумски е активен. Илија се подготвува за борбата против Макс Холовеј на УФЦ 308 кон крајот на октомври во Абу Даби. Зборувајќи со фановите на Инстаграм, Шпанецот го критикуваше Белал Мохамед, кого го опиша како лажен шампион.
„Римембр д’ нејм“ не му остана должен, па си разменија навреди на социјалните мрежи.
„Нема завршници, нема нокаути и нокдауни. Нема девојка и деца. Белал никогаш не завршил маж или жена. Белал „убиецот на меѓуножјето“ Мухамед“, рече Топурија.
Еве што му одговори Мухамед:
„Нели тој идиот само позираше со појасот БМФ што го купи? Тој почнува да се претвора во грузирска верзија на Колби Ковингтон“, одговори Мухамед.
И двајцата ги освоија шампионските појаси на УФЦ во последните борби и за првпат ќе ги бранат титулите во следните борби. Следната борба на Мухамед ќе биде против исклучително силниот непоразен Шавкат Рахмонов. Нивната борба ќе се одржи на УФЦ 310 овој декември во Лас Вегас.
View this post on Instagram