Илија Топурија: Во улична тепачка ќе го прегазам Ислам Махачев

Илија Топурија не е загрижен за борбата со Ислам Махачев, но сака да биде во кафез, а не на улица.

„Матадорот“ тврди дека ако тој и Махачев се степаат на улица, тогаш Ислам ќе биде прегазен од него. Ова е причината зошто Илија не сака улична борба со Ислам, бидејќи тогаш ќе мора да си ги плати медицинските трошоци. Илија признава дека Ислам е многу добар борец, но очигледно не му дава шанса во борбата против себе.

„Ислам е голем борец. Понекогаш премногу зборува, но секогаш можеме да го средиме тоа во октагонот. Нема да биде на улица затоа што ќе треба да му ги платам медицинските трошоци“, се пофали Топурија.

Следеше одговор од Усман Нурмагомедов, кој е шампион на Белатор во лесна категорија. Усман го праша Топурија дали некогаш се тепал на улица. Илија не жалеше и го потсети дека е борец кој паднал на допинг тестовите. Илија во последно време многу зборува, иако допрва треба да ја брани титулата.

Илија на крајот на месецот ќе ја брани титулата против Макс Холовеј на УФЦ 308 во Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО