Илија Топурија: Можам да се борам со сите во лесна категорија во една вечер

Илја Топурија не е импресиониран од борците во лесна категорија на УФЦ.

„Матадорот“ во последно време дава прилично големи изјави. Ги напаѓа Конор Мек Грегор и Ислам Махачев, а тоа ги тера фановите да не го сфаќаат сериозно. Илија е во тренинг камп за првата одбрана на титулата, која ќе се одржи на главниот настан на УФЦ 308 н крајот на месецот во Абу Даби.

Неговиот противник ќе биде вистинска легенда, Макс Холовеј. Илија верува дека ќе ја одбрани титулата бидејќи веќе гледа во иднината. Планира да се искачи во лесна категорија, но таму не гледа конкуренција и тврди дека може да се бори со секого во текот на вечерта.

„Ќе биде многу тешко со мене. И уште повеќе во лесна категорија. Ако не требаше да ослабам, Боже мој. О боже. Можам да се борам со сите во иста вечер. Сите“, рече Топурија на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON