Илија Топурија ќе се бори за неприкосновената титула во лесна категорија на УФЦ 317

Неодамна стана познато дека Илија Топурија започнал камп за негово враќање во кафезот на УФЦ.

Поранешниот шампион во перо категорија ќе се врати во кафезот на настанот УФЦ 317, кој ќе се одржи на 28 јуни во Лас Вегас. Се зборуваше дека може да има привремена титула во лесна категорија, но новинарот Алваро Колменеро тоа го негираше.

Колменеро рече дека нема да има привремена титула во лесна категорија. Топурија или ќе се бори за неприкосновената титула во лесна категорија или ќе се бори за слободна титула. Тоа значи дека ако Ислам Махачев се искачи во полусредна категорија, тогаш УФЦ ќе му го одземе појасот.

Во ова сценарио Топурија би можел да се бори со Чарлс Оливеира или Џастин Гејџи. Ако Ислам остане во лесна категорија, тогаш ќе го брани појаост против Топурија. Махачев во моментов го чека исходот од борбата за титулата во полусредна категорија меѓу Белал Мухамед и Џек Дела Мадалена.

Двајцата ќе се борат на почетокот на мај. Ако Мухамед остане шампион, тогаш Махачев ќе остане во категоријата, бидејќи двајцата се блиски и нема да се борат меѓу себе. Останува да видиме што ќе се случи, но, според Колменеро, ова се плановите на УФЦ засега.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON