Илија Младеновски: Да бидеме во првите три екипи на Регионалната лига -Вардар е синоним за Македонија

ilija-mladenovski-proglasuva-pobednik

За Регионалната лига (РЛ) во бокс на големо се зборува, која своето аминување го доби во Скопје за време на одржувањето на „Златниот гонг“. Нашиот претсваник на овој состанок Илија Младеновски изнесува детали кои додега не се објавени.

regionalna-liga-pretstavnici-zlaten-gong

Откако паданал договорот за формирање на Лигата е избран Управниот одбор кој претежно го сочинуваат претседателите на клубовите учесници во Регионалната лига или нивни претставници, а од Македнија претставник на состанокот беше Младеновски кој стана директен член на УО.

„За претседател на УО на РЛ, кој брои 7 члена, колку што има и клубови, е избран Јурица Рунтиќ од Загреб (Сплит), а директор на истата е Драгољуб Радовиќ од Белград. Лигата ќе биде од строго клупски карактер, а мотивот е ист како и во кошарката, ракометот и ватерполото, да се основа лига од бившите ЈУ- држави со цел да се подигне квалитетот на сите боксери и боксерски клубови од регионов“, вели Младеновски кој беше главниот протагонист на оваа идеа во нашата држава.

Тој смета дека тоа е од особено значење за сите Лигата. Според првичната замисла и Приштина требало да учествува со еден клуб и да се направат две групи од по 4 клуба и да се натпреваруваат во кружен систем, а потоа да има плеј-оф 2+2.

„Но, Приштина до крај не се произнесе, затоа што не направиле интерни анализи. Сегашната одлука е отворена лига со седум екипи кои ќе се натпреваруваат по двокружен систем – дома и во гости. Направено е и жребувањето. Во првото коло сме домаќини на Војводина. Во декември ќе има уште еден состанок во Бања Лука, кој ќе биде завршен и на кој ќе се дефинираат и деталите околу случувањето. Лигата треба да започне во март. На состанокот се изгласани и пропозициите и поголем дел од програмата веќе е подготвен“, вели Илија.

bk-sesvete-skopje

Младеновски обајсни како е избрано името на македонскиот клуб „Вардар“ што ќе се натпреварува во Регионалната лига.

„ВАРДАР – оти е географски синоним за Македонија. Ова е екипа на БК Пинк Пантер за Супер лигата, како главни носители сме ние, но во соработка со БК Аперкат и уште неколку други боксери од Македонија. Значи, се уште имаме простор за договор околу името на екипата како ќе биде. Меѓутоа, најголема веројатност е дека ќе се вика Вардар“, потенцира Младеновски!

Составот на нашата екипа ќе се базира на најистакнатите имиња во боксот во последниве неколку години.

„Амбициите?! Со оглед дека ова е пресилно нешто за нас, доколку сме во првите три екипи, за почеток, ќе бидеме задоволни! Нашите боксери што ќе настапуваат, воопшто не се за потценување. Меѓутоа, свесни сме што значи најдоброто од Хрватска или Србја во една екипа“, заклучува членот на УО на Боксерската федерација на Македонија, Илија Младеновски и додава: „Па така, кога би биле на ниво со нив, за нас тоа ќе е успех како за почеток. А, дај Боже, и први, затоа што во игра ќе се старите искусни играчи, кои се уште имат преголема доза на енергија за бокс“.

Во првото коло се среќаваат Сесвете – Славија, Лазаревац – Радник, Вардар – Војводина, слободна е екипата на Лозница.

Секоја ќе боксира по шест мечеви на домашен и гостински терен.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON