На Фајт најт чемпион 3 во Велес главна борба на овој спектакуларен ММА настан е борбата во категоријата до 66 килограми меѓу Илија Андов од Македонија и Џевад Муфтиќ од Босна и Херцеговина. Андов, кој е од ММА клубот „Будо“ од Велес, во хрватските медиуми доби публицитет на еден од најдобрите македонски борци, а, впрочем, со таков став излезе и првиот човек на промоцијата Фајн најт чемпион лигата, Хрвое Зноар и неговиот тренер, Раде Стефановски. Илија до сега има скор 3-1. И неговиот противник важи за силен борец, за кого се дваат само позитивни критики.
Какво е твоето мислење за овој настан?
-Пред се ова е прв турнир од овој тип што се организира во Македонија , така што се очекува да биде и повеќе од атрактивен. Не само затоа што овој спорт на големо се популализира низ светот, туку и поради фактот што ќе настапат едни од најдобрите борци во регионот .
Што може да очекува велешката публика во оваа средба? И, што знаеш за противникот?
-Мојата борба ќе биде борба на вечерта (главана борба), пред се поради доста атрактивниот и искусен противник од Босна и Херцеговина. Tој подеднакво e добар и во стенд ап и во граплинг, така што не можам со сигурност да тврдам дека ќе победам, бидејќи ракавиците се мали и се е можно. Ама, на велешани можам да им ветам дека ќе дадам 110 отсто од мене и ќе прикажам одлична борба.
Фајт најт чемпион 3 Велес
Прелиминарни борби:
- Недрин Фејзовиќ (БиХ) – Филип Стефановски (МКД), -68 кг
- Ален Капиќ (СЛО) – Иван Милошев (МКД), -72 кг
- Гретел Вркиќ (ХРВ) – Марјан Марков (МКД), -70 кг
Главни борби:
- Едо Чаврк (ХРВ) – Тоше Цветков (MКД) -84 кг
- Александар Затковски (МКД) – Анто Палавра (БиХ), -66 кг
- Дејан Стефановски (МКД) – Јасмин Вркшиќ (БиХ) -84 кг
- Александар Ракас (ХРВ) – Слаѓан Драгишиќ (СРБ) -77 кг
- Милош Дујчиновиќ (СРБ) – Тео Радниќ (ХРВ) -93 кг
- Ермин Хоџиќ (БиХ) – Иван Гарчевиќ (ЦГ) -84 кг
- Марјан Ангелески (МКД) – Иван Вичиќ (СРБ) + 93kg
- Дамир Кнего (ХРВ) – Милан Врбиќ (СРБ) 93 кг
- Христијан Граорски (МКД) – Петар Црмариќ (ХРВ) -66 кг
- Домагој Обрадовиќ (ХРВ) – Ненад Падори (СРБ) 93 кг
- Дејан Трајковски (МКД) – Веда Исламовиќ (БиХ) -77 кг
- Илија Андов (МКД) – Џевад Муфтиќ (БиХ) -66 кг
- Златко Петровски (МКД) – Арнес Мујезиновиќ (БиХ) -77 кг
Ipon.mk/В.Д.