Игор Златков е новиот претседател на Боксерската федерација на Македонија (ФОТО)

Igor Zlatkov so Vojo na masa

Игор Златков е новиот претседател на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) кој денеска е избран на Собранието на Федерацијата со 17 гласа за и еден воздржан.

Igo Zlatkov i ilija, harun ..

Златков во своето обраќање пред делегатите на Собранието истакна дека ќе работи на реафирмација на БФМ и дека нема да зборува за она што било туку да се посвети на идеата.

„Експресно деблокиртање на жиро-сметката на БФМ, односно да биде на нула. Формирање на боксерски клубови во сите градови во Македонија, воспоставување на турнирско натпреварување меѓу клубовите (пролетни и летни турнири). По завршувањето на турнирите ќе се направи ранг листа и трите прворангирани клубови ќе добијат награда“, рече Златков, кој најави здравствена заштита и за натпреварувачите и за тренерите.

Boks so noviot pretsdeatel site

Според првиот човек на БФМ, ќе се направат и веб страна и фејсбук страница, ќе се инвестира во млади кадри и тренери. Најави и соработка со други боксерски федерации, вклучување еминентни личности во боксот.

„БФМ ќе застане на пиедесталот на успешните спортови како во минатото“, рече Златков.

Во Управниот одбор на Федерацијата, која должи околу три милиони денари, новиот претседател носи  тешка артилерија од типот на Силјан Мицевски, Максим Прохоров, Цветан Панделевски, Блажо Донев, покрај челновите од БФМ, Илија Малденовски, Оливер Станков, Фатон Салиху и досегашниот пртеседател Војо Настевски.

BFM Sobranie rabotno

Блерим Саити, Недим Цановски и Вели Мумин се членови на Надзорниот одбор, додека за потпретседатели на Собранието се избрани блажо Донев и Фатон Салиху.

Настевски истакна дека договорено со семејството на Неделковски како да се исплаќа долгот по судската пресуда за отштета, однонсо 50 отсто од пристигнувањето на средствата ќе се уплаќаат на нивна сметка. Но, Златков рече дека за брзо време сите долгови ќе бидат расчистени и сметката ќе биде фиксна нула.

Комплетниот финансиски извештај ќе биде разгледан на наредна седница на УО од објективни причини, а секретарот на БФМ, Душко Сачкарски, точно ги наведе долговите на Федерацијата: 1.791.610 денари отштета на Неделковски, 43.435 на Здружението на возачи за ќирија, 958.711 за плати на техничкото лице, 126.200 долг кон екипите за 2014 година, 9.450 за телефон и друго, или вкупно 2.958.000 денари. Кон овој долг се додаваат 18 илјади денари на хотелот Буши.

Боксерските работници и тренери преовлада мислењето дека боксот ќе тргне во добра насока.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON