Британецот кој по 11 години од тронот го симна Кличко одби да се бори со предизвикувачот Вјачеслав Гласков, поради закажан реванш со Украинецот, а водството на ИБФ реши да му го одземе шампионскиот појас. Незадоволен од одлуката тој го фрли појасот во тоалет, а сликата ја сподели со фановите на социјалните мрежи.