Потенцијалниот реванш меѓу шампионот на ИБФ Даниел Дубоа и Ентони Џошуа би требало да биде еден од најочекуваните мечеви во 2025 година.
Многумина веруваа во лесната победа на Еј Џеј во борбата која се одржа во септември, но Даниел во петтата рунда го нокаутира Ентони и го расипа планот.
А во пресрет на тој боксерски настан на Вембли, се зборуваше дека победникот ќе добие шанса да се бори за титулата апсолутен светски шампион, односно со подобриот од мечот меѓу Усик и Фјури.
Поразот на поранешниот двократен светски шампион остави неколку отворени прашања, а тоа е дали нов пораз би значел крај на кариерата на Џошуа и дали Дубоа навистина ќе добие шанса со уште една победа да се бори за титулата апсолутен шампион.
Но, засега ништо не може да се каже со сигурност, бидејќи има безброј комбинации, а она што сега сите го чекаат е реваншот меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.
Како што изгледа, се оди кон реваншот меѓу Ентони Џошуа и Даниел Дубоа, што неодамна го потврди и Турки Алалших, одговорниот за спортско-забавните настани во Саудиска Арабија, дури и го откри датумот – 22 февруари.
Со цел да се осигура дека тоа ќе се случи во одредени временски рокови, ИБФ постави краен рок за одржување на борбата.
Даниел Дубоа е светски шампион на ИБФ во тешка категорија и има задолжителна борба закажана за 21 јуни следната година.
Сите можни борби, вклучително и изборната одбрана на титулата, мора да бидат завршени најмалку 60 дена пред тој датум.
Ова значи дека 22 април 2025 година е последниот датум кога би можел да се случи реванш против Еј Џеј.
Бидејќи април е сè уште далеку, потенцијалната борба меѓу Дубоа и Џошуа може да биде закажана многу пред тој датум.
Според Турки Алалших, тоа треба да биде во февруари.