Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) донесе одлука за одбрана на титулата во лесна категорија. Шампионот Теофимо Лопез и предизвикувачот за појасот Џорџ Камбосос морта да се сретнат најдоцна до 17 октомври.
Одлуката беше донесена откако судирот беше одложен неколку пати оваа година. Американецот првично требаше да се бори со Камбосос на 19 јуни во Мајами, но мечот беше откажан една недела пред настанот поради позитивен тест на шампионот на Ковид-19.
После тоа, двајцата требаше да се борат на 14 август, но и тој датум извиси. Потоа се појавија гласини за септември и октомври, а двете страни се расправаа за тоа каде може и треба да се одржи мечрот. 28-годишниот Австралиец инсистираше средбата да се случи во неговата татковина, но неговото барање беше проблем, бидејќи Лопез ќе треба да заврши две недели во карантин доколку стапне во Австралија.
Раководното тело одлучи дека мечот треба да се одржи на место и локација што не бара 14-дневен период на изолација за боксерите, што значи дека САД останува единствената реална опција.