Неодамна во Ријад Артур Бетербиев со мнозинска одлука го победи Дмитри Бивол во мечот за апсолутен шампион во полутешка категорија.
Многумина и понатаму веруваат дека киргистанскиот боксер направи доволно за да победи, но на крајот победата отиде на другата страна.
Бивол и неговиот тим побарале реванш, а Турки Алалших, главниот човек за спортско-забавни настани во Саудиска Арабија, неколку пати споменал можен реванш.
Но, ИБФ му нареди на Бетербиев да ја брани титулата против германскиот предизвикувач, 26-годишниот Михаел Ајферт (13-1. 5 КО).
Германецот во март минатата година го победи поранешниот шампион во полутешка категорија Жан Паскал, а пред нешто помалку од два месеци со нокаут во втората рунда го совлада Карлос Едуардо Хименез.
Можно е Артур да го ослободи појасот доколку има желба повторно да се соочи со Бивол, бидејќи оваа борба сигурно ќе му донесе подобра заработка.
The IBF have now officially ordered Artur Beterbiev to defend his undisputed WBA, WBC, IBF & WBO light-heavyweight world titles vs Michael Eifert next.
— Michael Benson (@MichaelBensonn) October 17, 2024