ИБФ му даде дозвола на Ентони Џошуа за реванш со Владимир Кличко.
Англичанецот во следната борба требаше да се бори со задолжителниот предизвикувач на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Кубрат Пулев, но побара изземање поради тоа што Украинецот во договорот има клаузула за реванш.
ИБФ нема да му го земе појасот, а услов е борбата да се одржи пред 2 декември. Би се бореле за трите појаси на боксерот од Ватфорд – ИБФ, ИБО и ВБА супер титулата.
Во слична ситуација се е најде и Тајсон Фјури кога го победи Кличко, но него ИБФ многу брзо по освојувањето му ја одзеде титулата.
Кличко се уште официјално не ја објавил својата одлука, а оваа недела ќе се состане со негвиот менаџер.