ИБА го суспендира членството на Боксерската федерација на Украина

Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) привремено ги суспендираше активностите на Боксерската федерација на Украина поради мешање на владата на земјата во работата на организацијата.

„Длабоко сме загрижени за состојбата на украинскиот бокс откако дознавме за интервенцијата на владата. Ќе дадеме се од себе да ги поддржиме спортистите во оваа ситуација.

Суспендирањето на активностите на националната федерација не треба да влијае на ниту еден боксер од Украина“, се вели во соопштението на организацијата на официјалната веб-страница на ИБА.

Се известува дека одлуката ќе биде укината доколку се исполнат два услови – автономија на федерацијата и признавање од страна на украинските власти на изборите одржани на 17 декември 2021 година.

Суспендирањето на членството нема да влијае на украинските спортисти и ИБА ќе ги преземе сите неопходни чекори за да обезбеди нивно учество под покровителство на организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON