Боксерската легенда Оскар де ла Хоја откри дека се заразил со Ковид-19. 48-годишниот Американец рече дека бил целосно вакциниран, но сепак се сретнал со вирусот. Моментално е во болница и се опоравува.
За жал, тоа го вади од битката со Витор Белфорт, која беше закажана за следниот викенд во Калифорнија. Де ла Хоја напорно се подготвуваше за враќање во боксот и ќе влезе во ринг за прв пат по 13 години.
Се уште не е познато што ќе се случи со Белфорт, но како опција се спомнува легендата Ивандер Холифилд. Но, Атлетската комисија ќе треба да му дозволи на 58-годишниот Холифилд да учествува.
„Сакав да слушнете директно од мене дека и покрај целосната вакцинација, се заразив со Ковид и нема да можам да се борам следниот викенд.
Подготовката за ова враќање беше се за мене во последните месеци и сакам да им се заблагодарам на сите за нивната голема поддршка.
Моментално сум во болница и примам третман. Уверен сум дека ќе се вратам на рингот пред крајот на годината. Бог да ве благослови сите“, напиша Де ла Хоја на социјалните мрежи.