Жестоките пресметки во Лас Вегас не се случуваа само по главната борба на УФЦ 229. Сето почна да се губи од контрола уште порано, за што сведочи една пресметка на мерењето, каде што главни актери се припранчки на понежниот пол.
Како што може да видиме од видеото, до туркање во публиката дојде додека Џо Роган разговараше со Хабиб Нурмагомедов, а главни актери се две дами, од кои едната заврши со жесток нокаут, по што всушност започна жестокото туркање на останатите.
Видеото го објави Брендан Шауб, кој само неколку дена пред борбата најави дека ќе дојде до нешто слично, а ова видео само е сведоштво на тоа дека инцидентот на крајот на битката во никој случај не беше главната причина за истото, туку во Вегас уште од самото пристигнување имаше многу усвитени глави.
Ситуацијата навистина премногу се вжешти, и двајцата борци зборуваа дека работата станала лична, но се чини дека станало лично и кај нивните сонародници или навивачи, ситуации кои не се пожелни за гледање, како од организацијата, така и од вистинските спортски навивачи.
https://www.instagram.com/p/BomfbhSBDBR/?utm_source=ig_embed
.