И последниот наш боксер го заврши настапот на Европското првенство во бокс до 23 години во Софија. Ардијан Аземи во тешка категориија во четвртфиналето се бореше против Украинецот Васил Ткачук, но поради повреда на раката, како што извести неговиот тренер Насер Харуни, ја предаде борбата.
Со победа ќе обезбедеше бронзен медал на Европското првенствo.
За медалите во Софија се борат 327 спортисти од 35 земји.
Резултати
+92 кг Ардијан Аземи – Васил Ткачук (Украина) 0-5