Лин Ју-тинг од Тајван без загубен поен дојде до златниот медал на боксерските натпревари на Олимпијадата во категоријата до 57 килограми, откако во финалето ја совлада Јулија Шеремет од Полска со едногласна одлука на судиите. Таа е втората „спорна“ боксерка на Летните олимписки игри во Париз, после Имане Келиф од Алжир, која доминантно доаѓа до титулата.
Таа заедно со алжирката се оспорувани и обвинувани дека се мажи кои се натпреваруваат во женска конкуренција. Дури се појави и информација дека се работи за трансродови боксерки, а сето тоа произлезе од нивната суспензија од страна на светската боксерка федерација, ИБА, според чии испитувања тие имаат машки хормони. Сепак, ИОК не ја прифати оваа одлука и им дозволи настап на Олимпијадата во Париз, што предизвика лавина од реакции од светската јавност.