Дејан Петкоски и Стефан Попоски ја продолжија низата на успеси на Џудо клубот Дрим од Струга на Меѓународниот турнир „Сакура“ во Катерини – Грција. Петкоски освои златен, а Попоски сребрен медал.
Дорјан Петкоски (2010 г) имаше три победи за златниот медал, а Стефан Попоски (2008 г.) две побди и еден пораз, додека Андреј Прентоски (2006 г.) остана без пласман.
На турнирот учествуваа 600 џудисти од цела Европа.
„Ова е уште еден показател дека ЏК Дрим работи со сите возрасни категории на џудисти и дека и најмалите се активни и успешни во клубот“, велат од клубот.
Ipon.mk/В.Д.